Помладиот член на тимот на CKM, Александар  присуствуваше на 4-неделна мобилност и работа во холандскиот вселенски кампус во Лајден, Холандија во мај 2022 година, во рамките на проектот за развој на капацитети од програмата Еразмус+ - Подготвени за Хоризонт.

Ментори на Александар беа Maaike Smelter од Dutch Space Campus и Бери Сандерс од start up компанијата HDES. Александар имаше можност да ги развие своите капацитети во работењето на  високо-технолошките кластери и како овие кластери работат со старт ап компании и други чинители во нивните вообичаени секојдневни активности.

 

 

 

За време на мобилноста, Александар се запозна со:
• како функционираат новотехнолошките новоформирани компании во деловно спроводливо опкружување;
• како функционира меѓународното вмрежување и кои се релевантни луѓе од секторот;

• како се воспоставува мрежа и соработка со регионални бизниси и кластери на знаење;
• како почетните претпријатија го премостуваат јазот помеѓу истражувањето и бизнисот;
• што е успешен екосистем на меѓусекторска соработка во делот на високата технологија.

Една работа во која посебно уживав додека работев во холандскиот вселенски кампус беше односот и вниманието што вработени го покажуваа меѓу себе. Повеќето вработени беа пријатели со секоја од стартапите, како и со луѓето од другите стартапи. Ова најчесто се гледаше како повеќето вработени ќе седнеа и ручаа заедно. Сметам дека истото е беше од клучно значење за нивната тимска работа. Друга нешто кое можам да го издвојам е работеа во старт ап лабораториите со опремата што ја поседуваше ХДЕС“.

 Slika alek 2