На 20ти и 21ви јуни 2022 година, тимот на проектот Let’s Digital, се сретна во Скопје во склоп на Транснационалниот проектен состанок. На состанокот присуствуваа претставници од сите организации-партнери, вклучувајќи ги i-Box, EuroCircle, FISPE, Asociacion Progestion, Programma Integra и се разбира, домаќинот на состанокот, Центарот за управување со знаење.

 

 

На состанокот партнерите направија осврт на досега сработеното, но и постигнаа согласност за измена и дополнување на одредени елементи од материјалите.

При дискусијата за резултатите на проектот, својата експертиза за тематиката ја понуди проф. Д-р Владимир Дуковски, кој истакна одредени забелешки, и предложи потенцијални одговори и решенија на прашањата кои беа акцентирани во текот на дискусијата.

Партнерите разговараа и за елементите и функционалностите на веб-страната на проектот Let’s digital, како и за платформата за е-учење која ќе ја користат жените мигранти како главната целна група на проектот.

Покрај работните обврски, претставниците на партнерските организации имаа можност да се запознаат со градот Скопје и околината, особено со знаменитостите кои градот ги има.