Др. Андријана Богдановска Ѓ. од Центарот за управување со знаење, присуствуваше на обука за зајакнување на вештините за подготовка и управување со Horizon Europe проекти (job shadowing). Обуката се спроведе во рамки на проектот Capacity Development од програмата Erasmus+ со број на договор 2020-1-МК01-КА104-077733.
Мобилноста се спроведе во организацијата Zentrum für Soziale Innovation (Центар за општествени иновации) во Виена, Австрија под менторство на госпоѓа Елке Дали, во период од 8.11.2022 до 23.11.2022 година.
За време на мобилноста, д-р Богдановска Ѓ. имаше можност да разгледа победничката апликација за Хоризонт Европа која опфаќа организации од Западниот Балкан, да добие увид како се управува со проект на Хоризонт Европа и како овие проекти се вградуваат во работата на организацијата.
д-р Богдановска Ѓ. исто така имаше и можност да се запознае со активностите на Центарот за општествени иновации (Zentrum für Soziale Innovation) во областа на иновативноста и кометитивноста на Западен Балкан, како и австрискиот систем за програмата Хоризонт Европа.
За време на мобилноста, д-р Богдановска Ѓ. учествуваше на билатерални состаноци и вмрежување и имаше свое излагање пред група на студенти од Универзитетот Виена на тема Странски Директни Инвестиции во Истражувањето и Развојот.