Велат дека најдобрата вештина што може еден претприемач да ја има е вештината за осознавање и прашување. Прашувањето нуди нови одговори и можности за работа. Водени од оваа идеја Центарот за управување со знаење активно го реализира проектот Young Kreativ - СО ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ И МЕЃУКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ ДО ОПШТЕСТВЕНИ ПРЕТПРИЈАТИJA чија цел е поттикнување на креативното општествено претприемничко учење кај младите преку надградба и зајакнување на младинските работници, едукаторите, менторите како и фасилитатори на професионалниот развој на младите луѓе.
Денес на 14.10.2022 беше организиран инфо ден во просториите на Europe house со цел да се презентираат резултатите од веќе завршените активности.
На настанот беа присутни 25 учесници, првенствено тоа беа млади луѓе, како и младински работници. Со овој настан повторно бевме сведоци на желбата и иницијативата на младите луѓе активно да бидат вклучени во општествените случувања со што ќе можат да ги развиваат своите идеи, знаења и претприемнички вештини.