На 19-20 ноември 2019 година го организиравме почетниот состанок за новиот проект „WECAN“ во Валенсија, Шпанија. WECAN е новиот проект за европско партнерство на Центарот за Управување со Знаење, кој има за цел да развие иновативна програма за учење и да ја охрабри претприемачката активност кај жените (потенцијални претприемачи, хонорарни преведувачи, невработени) на возраст од 30-45 години без никакво или мало претприемачко искуство.
WECAN го збогатува начинот на зајакнување на претприемништво кај жените или младите претприемачи. Проектот, исто така, ќе создаде е-центри за споделување на знаењето на жените во партнерските земји и ќе ги зајакне компетенциите на учесниците во следните области : деловено управување, управување со ризик, комуникација, вештини за преговори, пишување на деловни планови, дигитален маркетинг и лидерство.
Останете во тек и следете го нашиот напредок!