Аплицирај за работилници за претприемништво спроведени во 5 земји, на 5 различни секторски теми!
Животен Стил: Бугарија (3-7 декември 2018 година)
Информатички Технологии: поранешна Југословенска Репубика Македонија (21-25 јануари 2019 година)
Технологија: Грција (18-22 февруари 2019 година)
Енергија: Кипар (16-20 март 2019 година)
Животна средина: Албанија (13-17 мај 2019 година)
Избраните кандидати ќе добијат целосен грант за учество на работилницата, сместувањето и патувањето. (Кофинансирани од Европската унија и националните фондови на земјите-учеснички)
Работилниците ќе се одржат на англиски јазик!
Услови за аплицирање:
Кандидатите треба да ги задоволуваат следниве услови:
- Да се граѓани на ПЈР Македонија,
- Да имаат над 18 години,
- Да имаат релевантно искуство (академско и/или практично) во една од 5-те секторски теми,
- Да имаат солидно познавање на англискиот јазик.
За да аплицираат, заинтересираните кандидатите треба да испратат:
- CV во Europass формат (притиснете тука за да ја преземете англиската верзија),
- Писмо за мотивација (слободен текст),
- Контакт информации: телефон и емаил адреса,
- Избраната тема (и) на кандидатот.
(Едно лице може да аплицира за повеќе од една тема / сектор, но може да биде избрано само за една од гореневедените обуки).
Аплицирањето се врши преку електронски пат на следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за пријавување е продолжен до 21 ноември, 2018 година!
Селекција на кандидати:
Учесниците на обуките ќе бидат избрани врз основа на нивното искуство релевантно за одбраните теми, видот и нивото на квалификација, јазичните вештини и мотивацијата.
- За секоја тема на работилниците, ќе бидат избрани по 10 (десет) кандидати. Нивните трошоци ќе бидат покриени од страна на Центарот за управување со знаење во рамките на проектот "i3".
- Првата фаза на селекција е проценка врз основа на поднесената биографија и писмото за мотивација. Оние кандидати кои ќе ја поминат оваа фаза ќе бидат поканети на интервју.
За сите дополнителни информации, Ве молиме да ја користите горенаведената е-маил адреса и/или следниов телефонски број +389 78 30 15 40
5-те тематски работилници (спроведени на англиски јазик) ќе ги содржат следниве модлули на работење:
1. Основни модули:
- Бизнис/и кои се од корист и бенефит за општеството - историја на бизнисот, меѓународни и домашни пазари, клучни играчи, клубови, мрежи, платформи, финансирање итн.
- Уметност на комуникација - успешни приказни, мотивација, бизнис-етика и култура, „како да се збогатиш„, браинсторминг на одредена тема, итн.
- Направи ја математика - буџетирање, трошоци, девизни курсеви, заштеди, банки, профит, проценка на ризици и бенефиции итн
2. Специфични модули:
- Презентација на состојбата на секторот и конкуренцијата,
- Пристап до ресурси, технологии, специфично финансирање, квалификации на работниот персонал,
- Форум за генерирање бизнис идеи, изнаоѓање партнери и поддршка.
Инфо за проектот:
Центарот за управување со знаење како проект-партнер на "i3 - Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво", финансиран од Програмата за транснационална соработка на Балканско – Медитеранската Област 2014-2020, повикува на апликации за учество во високо специјализирани работилници за обука. Општата цел на проектот "i3" е да го поддржи територијалниот развој, соработката и конкурентноста во Балканско-Медитеранската програмска област преку развој, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко обучување и трансфер на знаење (Модел "i3" - Идеи, Иновации, Иновации)наменет за студенти и млади претприемачи.
За темите:
1.Животна средина: вклучува иновативни технологии за заштита на животната средина, ефикасност на ресурсите, климатски промени итн. Развој на специјализирани модули за обука.
2.Енергија: вклучува развој на нови и обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и др. Развој на специјализирани модули за обука.
3.ИТ: вклучува воведување на интегрирани системи - хардвер и софтвер за управување со високотехнолошки процеси, вештачка интелигенција, иновативни мултимедии и др. Развој на специјализирани модули за обука.
4.Начин на живот: вклучува активности за подобрување на квалитетот на животот, слободното време, здравјето и др. Развој на специјализирани модули за обука.
5.Технологија: вклучува истражување и употреба на иновативни технологии во производните процеси и секторите или во домаќинството, кои не се вклучени во погоре наведените теми. Развој на специјализирани модули за обука.