На 29-30 март, 2018-та, се одржа третата транснационална средба на проектните партнери на проектот Иноплатформа од Балканско медитеранската програма на Европската Унија во канцелариите на Европскиот Универзитет во Тирана, Албаниа.

 

 

На првиот ден од средбата, партнерите го разгледаа општиот прогрес на работните пакети 1-5 и разменија мислења во однос на активностите а со цел на успешна имплементација на проектот. При тоа партнерите одговорни за работните пакети ги презентираа досегашните и идните актиности а кои се донесуваат на:

  • Проектен менаџмент
  • Активности за дисеминација на проектните активности
  • Спроведување на студија и резултати за иновативниот потенцијал на Балканско медитеранската област
  • Развој на InnoScorecard и InnoRegion
  • Спроведување на истражување во контекст на иновациите
  • Развој на пет ИнноАлатки
  • Развој на концептот на петте Центри на Извонредност во Иновациите.