Продолжуваме со втората сесија на Програмата за обука WECAN која се одржа на 13ти април.
Оваа втора сесија започна со првата работилница каде учесниците имаа можност да се запознаат со процесот на учење и различните стилови на учење наменети за возрасните од социјална, бихевиорална и експериментална перспектива, 4-те фази од тој процес (чувствување, гледање, размислување, правење) и вкрстените поврзани делови меѓу нив (разновидност, асимилација, конвергираност и приспособливост). Исто така партиципантите беа запознаени со еден од многуте модели наречен GROW/РАСТ (цел, реализација, опција, движење напред) во склоп со примерни прашања за зајакнување на начинот на размислување кој овој модел го нуди. По информативната презентација на техниките и методите на учење, секој учесник во групна дискусија беше во можност да го сподели своето мислење за тоа кој начин на учење е најдобар според нив, кој го практикуваат тие и нивно мислење за најсоодветниот пристап при комуникација и рефлексија со лицето кое го обучуваат.
Втората работилница започна со информирање за тоа како да се создаде погодна средина за учење преку холистички пристап кој ќе го стимулира овој процес. Учесниците се запознаа со 3-те фази (иницијација, култивација и сепарација), потребата од приспособување на промените присутни во процесот и интернализација на учењето со обучуваното лице. Потоа, од учесниците кои беа поделени во разни групни дискусии се очекуваше да ги пополнат шаблоните преку персонализирање на поставените прашања за тоа како би сакале да бидат обучувани. Оваа втора сесија на WECOACH заврши со дневна оцена на сите активности споменати погоре и учесниците ги споделија своите конечни мислења и искуства со кои беа збогатени за време на оваа дневна сесија.