Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 94.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28.1%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 19.0%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.3%, Капитални производи за 12.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-август 2017 година, во однос на периодот јануари - август 2016 година, изнесува 99.9.