Надминување на јазот во дигиталните вештини на државната и јавната администрација

logo povisoka rezolucija

ЗА ПРОЕКТОТ 

Вкупен буџет: 330.000 MKД

Времетраење: 01.03.2021 – 31.10.2021 (8 месеци)

Проектот е финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас.

КОНСТИТУЕНТИ

Целна група на самата акција се институциите и вработените во државната и јавна администрација. Акцијата, врз основа на претходно утврдена база на податоци од државни органи и јавниот сектор, ќе опфати одреден процент на државна администрација на национално ниво, вклучително и онаа на општинско ниво, институции од областа на образованието, одбраната и јавното здравство. 

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Имајќи предвид дека С. Македонија се движи кон ЕУ и го структурира својот државен и јавен сектор во согласност со тој на Европската Унија, исклучително е важно да се направи истражување за постоечкиот јаз во дигиталните вештини на државната и јавната администрација во нашата земја. На тој начин ќе се направи пресек и ќе се дознае какви се сегашните вештини и какви се потребите, а потоа, резултатите ќе се споредат со резултатите од Европската Унија. Сознанието ќе овозможи да се подготват предлог мерки за надминување на овој јаз и зголемување на ефикасноста на државната и јавната администрација.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Општата цел на оваа акција е подготовка на Документ за политика (Policy brief) со предлог мерки за надминување на јазот кој постои во државната и јавната администрација во однос на познавањето на дигиталните вештини потребни за зголемување на ефикасноста и продуктивноста, но и давање на брзи, квалитетни и електронски услуги во насока на искористување на придобивките од технологијата и подобрување на севкупната конкурентност на државата.

Специфична цел/и: Спроведување на истражување за идентификување на јазот во дигиталните вештини кој постои во државната и јавната администрација и идентификување на предлог мерки со кој истиот би можел да се надмине.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Мапирање на државни органи, односно создавање база на стратифициран примерок кој ќе влезе во истражувањето на државната и јавна администрација;
  2. Прилагодување на истражувачката методологија од Мекинзи применета во ЕУ со анкета и прашалник;
  3. Анализа/Извештај од наодите од анкетата со предлози на мерки за надминување на истото;
  4. Тркалезна маса со претставници од државната и јавната администрација за презентација и верификација на наодите;
  5. Документ за политика (Policy brief).

АКТИВНОСТИ

  1. Идентификување на државните органи и јавни институции и разработка на примерокот кој ќе влезе во истражувањето на државната и јавна администрација;
  2. Развој на база на податоци од државни органи и јавни институции;
  3. Прилагодување и подготовка на прашалникот и спроведување на анкета. Анкетата се заснова на методологија подготвена од страна на консултантската куќа Мекинзи за потребите на ЕУ;
  4. Чистење и процесирање на податоците добиени преку анкетата;
  5. Подготовка на анализа од наодите за јазот во дигиталните вештини и развивање предлог мерки согласно наодите;
  6. Логистика за одржување на тркалезна маса со претставници од клучни институции, граѓанскиот сектор и коморите;
  7. Дисеминација за настанот – застапеност на социјални мрежи, изработка на инфографици и дополнителни материјали;
  8. Подготовка на Документ за политика (Policy brief)