Премостување на јазот во дигиталните вештини кај мигрантите и бегалците!

Име на проектот

Премостување на јазот во дигиталните вештини кај мигрантите и бегалците

Акроним

DigitAll4Migrants

Период на имплементација

31.10.2021- 01.11.2023

Опис

Моменталниот процес на дигитализација активен во скоро сите европски земји се развива во забразан ритам кој прави одредени специфични групи да бидат исклучени од тој процес на дигитализација. Повеќето ранливи групи како што се мигрантите и бегалците мораат да се соочат со реалноста која ги спречува да пристапат до нивните права и обврски само затоа што не се во можност сами да управуваат со електронски или виртуелни алатки. Нашиот проект се фокусира на овие празнини и неговите резултати ќе го постават решението за овој мост што недостасува помеѓу веќе постоечките виртуелни алатки и нашите корисници. Ние целиме кон создавање на иновативни и реалистични резултати кои ќе ги подобрат напорите на социјалните работници како и да го олеснат инклузивниот процес на мигрантите и бегалците кои живеат во земјите на ЕУ.  Проектот има за цел да ги поврзе мигрантските и бегалските групи со онлајн алатки и дигитални ресурси кои стануваат се попотребни за исполнување на основните секојдневни животни обврски. Од друга страна ние целиме да ги зајакнеме вработените на организациите со кои соработуваме (обучувачи, едукатори, психолози, социјални работници) со различни алатки за интервенција кои ги опфаќаат секојдневните обврски на мигрантите и бегалците, подобрувајќи го нивното граѓанско учество и активно граѓанство во европските општества каде што престојуваат. Тоа ќе го направиме преку развој на методолошка рамка за откривање на дигиталниот јаз и неговата примена за целната група, алатки за пренос на знаење кои ќе опфатат чести дигитални потреби за секој партнер и Отворен образовен ресурс(ООР): база на ресурси за надминување на дигиталниот јаз кај мигрантската популација: иновативна, инклузивна и прилагодена алатка која ќе биде многу лесно достапна до нашата целна група и која ќе го премости дигиталниот јаз со кој тие се соочуваат со веќе постоечките виртуелни алатки од приватниот и јавниот сектор.

Цели на проектот
  • Опфаќање на дигиталната трансформација преку развој на дигитални и достапни алатки.
  • Создавање патеки за подобрување на вештините, подобрување на достапноста и зголемување на стапката на прифаќање на возрасни мигранти и бегалци.
  • Подобрување на вклучувањето на мигрантите и поттикнување на нивниот автономен пат.
  • Олеснување на напорите на јавната администрација на ниво на ЕУ, национално и локално ниво за управување со интеграцијата на мигрантите и за справување со дигиталниот јаз.
  • Олеснување на комуникацијата со мигрантите и нивниот пристап до услуги како што се образование, социјална помош и здравствена заштите во заедниците каде што престојуваат.
  • Подобрување на вештините за учење на групите мигранти преку создавање приспособени дигитални податоци.
  • Подобрување на професионалните вештини на социјалните работници, организациите со кои се соработува и понатаму.
Очекувани резултати

 Проектот DigitAll4Migrants ќе креира:

  1. Методолошка рамка за идентификација на дигиталниот јаз и негова примена за целната група.
  2. Алатки за пренос на знаење кои ќе ја опфатат откриената и избрана дигитална потреба за секој соработник.
  3. Отворен едукативен ресурс: Е-платформа прилагодена и достапна за целната група.

Целни групи

 

Организации кои работат со мигранти и бегалци (обучувачи, едукатори, психолози, социјални работници)

Мигранти и бегалци кои имаат потреба од прилагодлива и достапна онлајн алатки која ќе помогне при премостувањето на дигиталниот јаз. 

 

 PROJECT IS CO-FUNDED BY THE ERASMUS+ PROGRAMME OF THE EUROPEAN UNION