WECAN цели да го зголеми претприемачкиот капацитет на жените, и да ги зајакне оние кои одлучиле да бидат претприемачи или оние со новосоздадени претпријатија, преку употреба на прилагодена програма за обука.
Име на проектот |
Обука на тренери на жени претприемачи (Women’s Entrepreneurship CoAches training) |
Акроним |
WECAN |
Период за имплементација |
01.11.2019 – 31.10.2021 |
Предизвици
|
Кризата во 2008 година и преземените мерки на штедење по истата, предизвикаа високи стапки на невработеност во европските економии. Како последица денес, се уште групата на граѓани на возраст од 30-45 години се соочува со бариери за (повторен) влез на пазарот на труд. Предизвикот за овие лица кои не се вработени е да им се овозможи да создадат нов вид раст што го прифаќа претприемништвото како начин за создавање иновативни и конкурентни работни места. Земјите-членки на ЕУ треба да ги сметаат новите претприемачи како огромни потенцијални инкубатори на креативни и иновативни идеи што можат да доведат до создавање на работни места, намалување на стапките на невработеност и подобра социјална и економска интеграција. Во оваа насока, претприемачката активност на жените во Европа сè уште го нема достигнато својот полн потенцијал.
Извештајот за жени претприемачи објавен од Глобалниот монитор за претприемништво за годините 2016/2017, укажува дека жените се соочуваат со дополнителни пречки во однос на мажите при самовработувањето и дека овие бариери го ограничуваат успехот на жените во претприемничките активности. Општо, претпријатијата водени од жена имаат пониски очекувања за развој и повисоки стапки на замирање од оние на мажите во земјите на ЕУ. Постоењето на поддршка за новоосновани бизниси, менторство, образование и обука се важни алатки за оддржување на женските претприемачки активности; особено образованието за претприемништво кое стана важен приоритет за ЕУ бидејќи создава нови претпријатија и работни места, отвора нови пазари, ја подобрува продуктивноста и создава богатство.
WECAN го адресира претприемништвото како главна компетентност за да се започне бизнис и да се создаде вредност како што е пропишано од работната рамка на EntreComp.Проектот цели да ги зајакне позитивните перцепции кај жените за нивните можности и вештини да започнат бизнис преку пат на индивидуална обука во која тренери со релевантно претприемачко искуство ќе пренесат што всушност значи да си претприемач. |
Цели на проектот
|
WECAN цели да го зголеми претприемачкиот капацитет на жените, и да ги зајакне оние кои одлучиле да бидат претприемачи или оние со новосоздадени претпријатија, преку употреба на прилагодена програма за обука. Специфичните цели на проектот се: • да се развијат основни и трансверзални претприемачки вештини користејќи прилагодена програма за обука; • да се зголеми чувството за иницијатива и претприемачкиот начин на размислување кај млади жени и млади претприемачи; • да се промовира неконвенционалното и неформалното учење за да се изгради самодоверба, да се надминат бариерите и да се зајакнат невработените жени; • да се развие програма за обучување која ќе ги зајакне тренерите и жените кои се обучуваат, преку понуда на нови и креативни алатки кои ќе го подобрат искуството за учење на лицето и вештините за давање на обука на искусните жени претприемачи. • да се создаде отворена европска област за образование и обука благодарение на употребата на иновативни ИКТ, отворени образовни ресурси (Open Educational Resources) во рамки на е-платформа која ќе биде достапна за сите. |
Очекувани резултати
|
1. WECAN методолошки водич за обука на жени во смисла на иницијатива и претприемништво; 2. WECAN наставна програма со иновативни материјали за обука; 3. WECAN пакет за е-учење и платформа за е-учење што ќе и понуди на пошироката заедница пристап да ја следи обуката и да ги добие сите развиени знаења, плус диплома. |
Целни групи
|
1. WECoaches (тренери на жени претприемачи) - Возрасни жени претприемачи со најмалку една година релевантно искуство кои се подготвени да се надоградат и надградат и да станат тренери на свои врсници. За овие тренери ќе биде организирана обука во Палермо (18); 2. Возрасни жени без работа или преквалификувани за работните места што во моментот ги работат и се подготвени да започнат нов бизнис или да стекнат релевантни пазарно ориентирани претприемачки вештини, за да создадат вредност и повторно да влезат на пазарот на трудот зајакнати, без стравови и самоуверено. 3. Предавачи, обучувачи и советници кои имаат искуство на различни нивоа во обезбедување на неформално учење во рамки на организациите на партнерите. |
ПРОЕКТОТ Е КОФИНАНСИРАН ОД ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА