На 10-ти февруари 2025 година, Центарот за побезбеден интернет - MKSafeNet, во соработка со другите центри за побезбеден интернет во Европа, го одбележа Меѓународниот ден за побезбеден интернет.
Глобалната иницијатива е посветена на промовирање побезбедно и поодговорно користење на интернет технологијата, особено за најмладите -децата.
Претставници од Центарот за управување со знаење (ЦКМ) присуствуваа во музичко-ликовниот хепенинг, кој се одржа во основното училиште „Димитар Македонски“ во општина Аеродром. Настанот беше организиран со цел да ја подигне свеста кај учениците за важноста на безбедното користење на интернетот и дигиталните технологии. Учесниците беа инспирирани од креативни активности кои го истакнаа значењето на интернет безбедноста како одговорен и внимателен пристап во дигиталната сфера.
ЦКМ продолжува активно да се залага за промоција на дигиталната безбедност и заштита на личните податоци, како и за создавање на безбедна онлајн средина, за младите и децата.