Започнавме! Првата сесија на програмата за обука WECAN започна на 7-ми април и опфати разни активности како што се работилници, презентации, групни дискусии, креативно размислување итн.
Оваа прва сесија започна преку забавен начин на запознавање на партнерите од проектот со партиципантите, меѓусебно подавајќи си предмети кои требаа да ги одберат за да го доловат описот на самите себе преку нив и да го откријат значењето кое се крие позади нив. По тој креативен начин на спознавање, секој партнер на проектот зборуваше за проектот и за неговите цели односно надминување на бариерите кои постојат во женското претприемништво и поттикнување на претприемачкиот начин на размислување и позитивно перцепцирање од страна на жените. По нивното воведување во проектот, од учесниците беше потребно да постават лепливи белешки на онлајн табла за секоја мисла поврзана со обуката односно нивните очекувања, стравови / грижи и нивниот придонес. Потоа сесијата продолжи со активноста - лоцирање на карта (каде секој го обележи своето живеалиште) и преку тоа беше неизбежно да се увиди разновидноста на сите земји и постоењето на мултикултурализам во оваа обука. Меѓу овие активности, сесијата се состоеше и од две работилници, од кои првата се однесуваше на диференцијација меѓу концептот на тренер и ментор и нивниот различен пристап кон лицата кои ги обучуваат. Работилницата продолжи со активноста суперобука, каде учесниците беа поставени во различни групи и заедно дискутираа за видот на тренери од кои би сакале да бидат обучувани (заеднички вредности и карактеристики).
Партнерите во проектот го објаснија концептот WECOACH кој истовремено ја вклучува дефиницијата и на тренер и на ментор (поставување цели и водство), како и сетот на вештини кои треба да ги поседува едно WECOACH лице. Во продолжение на сесијата беше воведена и втората работилница каде влеговме во светот на претприемништвото преку негово дефинирање и на партиципантите им беше целосно доловен концептот на EntreComp и беа запознаени со начинот на употреба на оваа рамка. Работилницата заврши со последна групна дискусија каде што на секој учесник му се пружи можност да зборува за сопствените EntreComp вештини и за тоа како ги употребува како претприемач но истовремено и во нивниот секојдневен живот. На крајот од првата сесија, од партиципантите се очекуваше да ги споделат своите мислења и искуства од првиот ден преку дневна оцена за тоа како поминале - што им се допаднало а што според нив не било како што треба, нивните чувства и знаењето со кое се здобиле во оваа прва сесија.