Одлучни и посветени во нашата мисија секое дете да добие право на образование, со нова несебична поддршка од компанијата НЕТЦЕТЕРА, денес реализиравме нова донација од 15 лаптоп компјутери за учениците од следниве основни училишта:
ООУ “Петар Поп Арсов„ донирани 6 лаптоп компјутери
ООУ “Лазо Трповски„ донирани 4 лаптоп компјутери
ООУ “Јан Амос Коменски„ донирани 5 лаптоп компјутери
МАСИТ, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, Центарот за управување со знаење и Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК Скопје продолжуваат неуморно да дејствуваат во остварување на целта децата од ранливите категории што поскоро да се вклучат во редовната онлајн настава заедно со своите другарчиња врсници.