„Разбистри сè“ е кампања која се реализира во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Британската амбасада во Скопје. Кампањата ќе се фокусира на два специфични проблеми: управување со водни ресурси и инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси (минерални суровини, шуми, почви и води). Целта на истата е да се подигне свеста на граѓаните за овие проблеми и да се зголеми влијанието или да се променат јавните политики.
Во моментот, кампањата ја сочинуваат 48 граѓански организации, факултети и училишта, општини и медиуми кои со заеднички активности и поддршка ќе придонесат во реализирањето на „Разбистри сè“. Кон кампања може да се приклучат сите кои се засегнати од овие проблеми!