Проектот „Оддржлив (кружен) модел на управување со човечките ресурси“ има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од традиционален, линеарен модел на управување со човечките ресурси во оддржлив (кружен) модел кој ја подобрува регенерацијата на вештините и компетенциите на работното место и поттикнува кружни и одржливи деловни и организациски модели. Тоа е проект кој се имплементира од 8 проектни партнери - сите европски организации кои имаат долгогодишно искуство.Центарот за управување со знаење е партнер од Македонија.
И покрај кризата, партнерството на проектот „Оддржлив (кружен) модел на управување со човечките ресурси“ сѐ уште работи напорно на развојот на тренинг програмата наменета за менаџерите на човечки ресурси, вработените и работодавачите. За таа цел, минатата недела имавме виртуелен транснационален состанок. Тој започна во вторник и заврши во четврток. Како и до сега и во иднина ова партнерство ќе продолжи да цели кон целосно и ефективно развивање на тренинг програмата. Ќе продолжиме да работиме, затоа останете со нас!