На 15-ти октомври (Понеделник) 2018 година во рамките на проектот"ИноПлатформа" се одржа “Меѓународна Конференција ИнноДенови” на тема “Иновации - Контекст, Соработка и Капацитети во Балканско Медитеранската Област” во Скопје.
Иновациите се важен фактор за подобрување на конкурентноста на националните економии во Балканско Медитеранската област. Интензивните иновативни активности значително ќе се зголемат, ако постои поволна бизнис-клима, канали за соработка и силни внатрешни капацитети за воведување на иновации кај претпријатијата. Фокусот на конференцијата беше насочен кон презентирање на наодите од истражувањето на тема "Иновации во малите и средните претпријатија", спроведени во рамките на проектот ИноПлатформа, и отворање на дискусија со сите засегнати страни во општеството за нивното влијание.
Во текот на утринската сесија беа презентирани наодите од истражувањето спроведени во првата година од проектот ИноПлатформа, додека во попладневната сесија се дискутираше за нивното влијание во контекст на националните економии, имајќи ја предвид континуираната Европска интеграција на регионот. Во исто време, на Конференцијата беа овозможени тета -те средби наменети за малите и средните претпријатија.
Конференцијата беше отворена од страна на Министерот без ресор Г-дин Зоран Шапуриќ, задолжен за Регулативата за подобрување на инвестицискиот клима за домашните претпријатија и Г-ѓа Андријана Богдановска, Проектен Менаџер на ИноПлатформа. На истата учествуваа и говорници од Грција, Бугарија и Кипар кои ги презентираа Иновативните алатки (ИнноАлаки), кои конкретно ги адресираат проблематичните области на делување во однос на иновативните активности на МСП, се со цел успешно спроведување на иновациите во рамките на организациите.
На конференцијата учествуваа повеќе од 80 национални и интернационални претставници од приватниот, јавниот, владиниот и невладиниот сектор, ако и од други тела во областа на иновациите. Во исто време конференцијата беше емитувана во живо на Facebook каналот на проектот Инноплатформа.