Вести

Young Kreativ Ден во Скопје

Young Kreativ Ден во Скопје

Велат дека  најдобрата вештина што може еден претприемач да ја има е вештината за осознавање и прашување. Прашувањето нуди нови одговори и можности за работа. Водени од  оваа идеја Центарот за управување со знаење активно го реализира проектот  Young Kreativ - СО ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ И МЕЃУКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ ДО ОПШТЕСТВЕНИ ПРЕТПРИЈАТИJA чија цел е поттикнување на  креативното општествено претприемничко учење кај младите преку надградба и зајакнување на младинските работници, едукаторите, менторите како и фасилитатори на професионалниот развој на младите луѓе.