Печати
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 104.5. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19.2 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. Според главните индустриски групи, производството во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 15.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Капитални производи за 14.9 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 105.0.