Вести

29-ти јуни, 2016, Капфенберг, Австрија

На 29-ти јуни, 2016 година, тимот на ЦКМ присуствуваше на 4-тиот проектен состанок од проектот М-трговија. Состанокот се оддржа во просториите на FH JOANNEUM – Универзитет за применети науки лоциран во Капфенберг, место помеѓу Грац и Виена. 

23-28 мај, 2016, Скопје, Македонија

Во недела со почетокот на 23-ти мај 2016 година, CKM организираше обука во областа на М -трговија (мобилни трговија). Обуката е резултат на Еразмус Плус проектот, М -трговија , додека модулите за обуката се изработени заеднички од страна на 7 проектни партнери од различни земји -членки на ЕУ и ЕУ апликанти. CKM учествуваше во проектот од Македонска страна.

9-ти јуни, 2016, Скопје, Македонија

CKM организира шестдневен настан, обука м-трговија во втората половина на мај, 2016. Обуката е организирана како дел од активностите на CKM во рамките на Еразмус плус проектот - М -трговија. Проектот М-трговија се фокусира на обука на вработени во мали и средни претпријатија (МСП). Целта на проектот е да се поттикне развојот и прошират активностите на овие компании во мобилната трговија.

m-commerce

Во рамки на проектот М-комерц, финансиран преку Ерасмус Плус Програмата на Европската Унија , Knowldge Center ја организира првата 6-дневна обука во Мобилна Трговија во Македонија. 

Обуката е предвидена да се спроведува со мала група од 10 слушатели кои доаѓаат од малите и средни претпријатија. Оттука селекцијата на првата група слушатели ќе биде направена според нивната мотивација и потреба од вакви вештини и знаења. 

9-ти јуни 2015, Johannburg , Шведска

 

Директорот на CKM , д-р Андријана Богдановска учествуваше на вториот состанок на проектот на Еразмус плус М -трговија, кој се одржа на 8-ми и 9-ти јуни 2015 година во Технолошкиот парк на Johannburg, Гетеборг, Шведска. На состанокот проектните партнери ги затворија последните отворени прашања во врска со студијата за М-трговија и се согласија на структурата на шест модули во е-трговија и м-трговија , кои се закажани за развој во следните шест месеци.

CKM е македонски партнер во М -трговија, Еразмус плус проект финансиран од страна на Националната Австриската агенција за доживотно учење.

 

Статијата е последен пат дополнета на 22.06.2016.