Вести

Центарот за управување со знаење заедно со неколку европски партнери подготвува проект за развој на обуки во делот на Internet of Things (IoT). 

За истиот потребни ни се неколку претпријатија/партнери од Северна Македонија кој ќе искажат интерес дека сакаат да учествуваат во истражување и анализа за идентификување на потребите за обуки, учество на нивните вработени во пилот обуки (бесплатно), и учество во дисеминација на проектните резултати. Не е важен секторот и индустријата во која што работи претпријатието, но важен е потенцијалот на претпријатието за примена на Internet of Things (IoT). 

Доколку сте заинтересирани за учество, ве молам контактирајте не за повеќе информации на следната емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на мобилен телефон: 070 60 60 60.

 

 

 

 

На 26 и 27 септември, Центарот за Управување со Знаење заедно со партнерството на проектот Кружен HRM, кофинансиран од програмата Еразмус +, за прв пат се состана во Голвеј, Ирска! Конзорциумот на проектот го води Пор ла Солидарите-ПЛС.

 

Петок, 17.05 2019 година, го одбележа крајот на последната работилница за CKM's во рамки на проектот под Интерег програмата „i3 - Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“.

Од 17-ти до 19-ти март 2019 година, 60 заинтересирани учесници од 5 земји се собраа на Кипар за да ги унапредат своите знаења во врска со најновите иновации во енергетскиот сектор. Темата опфати намалување на потрошувачката на енергија за да се намалат емисиите на загадувачи, управување со енергијата во зградите, обновливите извори на енергија, како и управување со отпад. 

Во петок на 22-ри февруари 2019 година заврши третата успешна работилница за CKM пд проектот на Интеррег програмата: “i3 - Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“.