Кон Иднината: NWoW4Net4Zero завршува со состанок во Брисел

Проектниот тим NWoW4 Net Zero го оддржа последениот транснационален состанок минатата недела во просториите на PLS…

POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис  идеи

 
Центарот за управување со знаење ве поканува да се пријавите на ПОПРИ МЛАДИНСКИ НАТПРЕВАР 2024 та

NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција

На 14-ти февруари, се одржа завршната конференција од проектот Нови начини на работа за за нула емисии во

Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија

Центарот за управување со знаење неодамна му посака добредојде на г-дин Алфред Копола, познат експерт од US…

NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата

Во рамки на проектот „Со нови начини на работа до Нула штетни емисии“ кофинансиран од Еразмус + програмата

Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

Дигитална декада – Квалитет на јавните е-услуги за бизнисите собра експерти од различни области, луѓе кои

 ПОРПИ 2023 - третото место за Citrus Flour Team

Натпреварот EUSAIR POPRI 2023 заврши.
Сите учесници се победници за нас!

Проектот NWoW4NetZero напредува!

Центарот за управување со знаење (ЦКМ) Македонија, кој е лидер на проектот NewWays of Working for Net Zero Emission од ERASMUS +

Петдневна обука за младински работници во Матера, Италија

Младински работници од Македонија преку проектот ‘’Young Kreativ Social Enterprises’’ беа дел од петдневната интензивна

Previous Next Play Pause
Кон Иднината: NWoW4Net4Zero завршува со состанок во Брисел Кон Иднината: NWoW4Net4Zero завршува со состанок во Брисел
POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис  идеи  POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис идеи
NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција
Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија
 Проектот „Газели“ и иновациите во Северна Македонија и балканскиот регион Проектот „Газели“ и иновациите во Северна Македонија и балканскиот регион
NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата
Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси
 ПОРПИ 2023 - третото место за Citrus Flour Team ПОРПИ 2023 - третото место за Citrus Flour Team
Проектот NWoW4NetZero напредува! Проектот NWoW4NetZero напредува!
Петдневна обука за младински работници во Матера, Италија Петдневна обука за младински работници во Матера, Италија

Започнавме! Првата сесија на програмата за обука WECAN започна на 7-ми април и опфати разни активности како што се работилници, презентации, групни дискусии, креативно размислување итн.

 


Оваа прва сесија започна преку забавен начин на запознавање на партнерите од проектот со партиципантите, меѓусебно подавајќи си предмети кои требаа да ги одберат за да го доловат описот на самите себе преку нив и да го откријат значењето кое се крие позади нив. По тој креативен начин на спознавање, секој партнер на проектот зборуваше за проектот и за неговите цели односно надминување на бариерите кои постојат во женското претприемништво и поттикнување на претприемачкиот начин на размислување и позитивно перцепцирање од страна на жените. По нивното воведување во проектот, од учесниците беше потребно да постават лепливи белешки на онлајн табла за секоја мисла поврзана со обуката односно нивните очекувања, стравови / грижи и нивниот придонес. Потоа сесијата продолжи со активноста - лоцирање на карта (каде секој го обележи своето живеалиште) и преку тоа беше неизбежно да се увиди разновидноста на сите земји и постоењето на мултикултурализам во оваа обука. Меѓу овие активности, сесијата се состоеше и од две работилници, од кои првата се однесуваше на диференцијација меѓу концептот на тренер и ментор и нивниот различен пристап кон лицата кои ги обучуваат. Работилницата продолжи со активноста суперобука, каде учесниците беа поставени во различни групи и заедно дискутираа за видот на тренери од кои би сакале да бидат обучувани (заеднички вредности и карактеристики).

 

Партнерите во проектот го објаснија концептот WECOACH кој истовремено ја вклучува дефиницијата и на тренер и на ментор (поставување цели и водство), како и сетот на вештини кои треба да ги поседува едно WECOACH лице. Во продолжение на сесијата беше воведена и втората работилница каде влеговме во светот на претприемништвото преку негово дефинирање и на партиципантите им беше целосно доловен концептот на EntreComp и беа запознаени со начинот на употреба на оваа рамка. Работилницата заврши со последна групна дискусија каде што на секој учесник му се пружи можност да зборува за сопствените EntreComp вештини и за тоа како ги употребува како претприемач но истовремено и во нивниот секојдневен живот. На крајот од првата сесија, од партиципантите се очекуваше да ги споделат своите мислења и искуства од првиот ден преку дневна оцена за тоа како поминале - што им се допаднало а што според нив не било како што треба, нивните чувства и знаењето со кое се здобиле во оваа прва сесија.