POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис  идеи

 
Центарот за управување со знаење ве поканува да се пријавите на ПОПРИ МЛАДИНСКИ НАТПРЕВАР 2024 та

NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција

На 14-ти февруари, се одржа завршната конференција од проектот Нови начини на работа за за нула емисии во

Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија

Центарот за управување со знаење неодамна му посака добредојде на г-дин Алфред Копола, познат експерт од US…

NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата

Во рамки на проектот „Со нови начини на работа до Нула штетни емисии“ кофинансиран од Еразмус + програмата

Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

Дигитална декада – Квалитет на јавните е-услуги за бизнисите собра експерти од различни области, луѓе кои

 ПОРПИ 2023 - третото место за Citrus Flour Team

Натпреварот EUSAIR POPRI 2023 заврши.
Сите учесници се победници за нас!

Проектот NWoW4NetZero напредува!

Центарот за управување со знаење (ЦКМ) Македонија, кој е лидер на проектот NewWays of Working for Net Zero Emission од ERASMUS +

Петдневна обука за младински работници во Матера, Италија

Младински работници од Македонија преку проектот ‘’Young Kreativ Social Enterprises’’ беа дел од петдневната интензивна

Young Kreativ Ден во Скопје

Велат дека  најдобрата вештина што може еден претприемач да ја има е вештината за осознавање и прашување.

Previous Next Play Pause
POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис  идеи  POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис идеи
NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција
Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија
 Проектот „Газели“ и иновациите во Северна Македонија и балканскиот регион Проектот „Газели“ и иновациите во Северна Македонија и балканскиот регион
NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата
Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси
 ПОРПИ 2023 - третото место за Citrus Flour Team ПОРПИ 2023 - третото место за Citrus Flour Team
Проектот NWoW4NetZero напредува! Проектот NWoW4NetZero напредува!
Петдневна обука за младински работници во Матера, Италија Петдневна обука за младински работници во Матера, Италија
Young Kreativ Ден во Скопје Young Kreativ Ден во Скопје

Аплицирај за работилници за претприемништво спроведени во 5 земји, на 5 различни секторски теми! 

Животен Стил: Бугарија (3-7 декември 2018 година)

Информатички Технологии: поранешна Југословенска Репубика Македонија (21-25 јануари 2019 година) 

Технологија: Грција (18-22 февруари 2019 година)

Енергија: Кипар (16-20 март 2019 година)

Животна средина: Албанија (13-17 мај 2019 година)

Избраните кандидати ќе добијат целосен грант за учество на работилницата, сместувањето и патувањето. (Кофинансирани од Европската унија и националните фондови на земјите-учеснички)

Работилниците ќе се одржат на англиски јазик!

 

Услови за аплицирање:

Кандидатите треба да ги задоволуваат следниве услови:

  • Да се граѓани на ПЈР Македонија,
  • Да имаат над 18 години,
  • Да имаат релевантно искуство (академско и/или практично) во една од 5-те секторски теми,
  • Да имаат солидно познавање на англискиот јазик.

За да аплицираат, заинтересираните кандидатите треба да испратат:

  • CV во Europass формат (притиснете тука за да ја преземете англиската верзија),
  • Писмо за мотивација (слободен текст),
  • Контакт информации: телефон и емаил адреса,
  • Избраната тема (и) на кандидатот.

(Едно лице може да аплицира за повеќе од една тема / сектор, но може да биде избрано само за една од гореневедените обуки).

Аплицирањето се врши преку електронски пат на следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за пријавување е продолжен до 21 ноември, 2018 година!

 

Селекција на кандидати:

Учесниците на обуките ќе бидат избрани врз основа на нивното искуство релевантно за одбраните теми, видот и нивото на квалификација, јазичните вештини и мотивацијата.

  • За секоја тема на работилниците, ќе бидат избрани  по 10 (десет) кандидати. Нивните трошоци ќе бидат покриени од страна на Центарот за управување со знаење во рамките на проектот "i3".
  • Првата фаза на селекција е проценка врз основа на поднесената биографија и писмото за мотивација. Оние кандидати кои ќе ја поминат оваа фаза ќе бидат поканети на интервју.

За сите дополнителни информации, Ве молиме да ја користите горенаведената  е-маил адреса и/или следниов телефонски број +389 78 30 15 40

 

5-те тематски работилници (спроведени на англиски јазик) ќе ги содржат следниве модлули на работење:

     1. Основни модули:

  • Бизнис/и кои се од корист и бенефит за општеството - историја на бизнисот, меѓународни и домашни пазари, клучни играчи, клубови, мрежи, платформи, финансирање итн.
  • Уметност на комуникација - успешни приказни, мотивација, бизнис-етика и култура, „како да се збогатиш„, браинсторминг на одредена тема, итн.
  • Направи ја математика - буџетирање, трошоци, девизни курсеви, заштеди, банки, профит, проценка на ризици и бенефиции итн

     2. Специфични модули:

  • Презентација на состојбата на секторот и конкуренцијата,
  • Пристап до ресурси, технологии, специфично финансирање, квалификации на работниот персонал,
  • Форум за генерирање бизнис идеи, изнаоѓање партнери и поддршка.

Инфо за проектот:

Центарот за управување со знаење како проект-партнер на "i3 - Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво", финансиран од Програмата за транснационална соработка на Балканско – Медитеранската Област 2014-2020, повикува на апликации за учество во високо специјализирани работилници за обука. Општата цел на проектот "i3" е да го поддржи територијалниот развој, соработката и конкурентноста во Балканско-Медитеранската програмска област преку развој, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко обучување и трансфер на знаење (Модел "i3" - Идеи, Иновации, Иновации)наменет за студенти и млади претприемачи.

 

За темите: 

1.Животна срединавклучува иновативни технологии за заштита на животната средина, ефикасност на ресурсите, климатски промени итн. Развој на специјализирани модули за обука.

2.Енергија: вклучува развој на нови и обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и др. Развој на специјализирани модули за обука.

3.ИТ: вклучува воведување на интегрирани системи - хардвер и софтвер за управување со високотехнолошки процеси, вештачка интелигенција, иновативни мултимедии и др. Развој на специјализирани модули за обука.

4.Начин на живот: вклучува активности за подобрување на квалитетот на животот, слободното време, здравјето и др. Развој на специјализирани модули за обука.

5.Технологија: вклучува истражување и употреба на иновативни технологии во производните процеси и секторите или во домаќинството, кои не се вклучени во погоре наведените теми. Развој на специјализирани модули за обука.