Вести

На 14 Јули 2020 година директорката на Центарот за управување со знаење, д-р. Андријана Богдановска Ѓ. имаше средба со г-ѓа Валентина Дисоска – претседателка на Здружението на бизнис жени. На овој состанок беше презентиран проектот WECAN.

 

Поимот Кружна Економија се однесува на концептите и практиките кои се поврзани со одговорно користење на природните ресурси и оптимизација на физичкиот капитал. Дали принципите на кружната економија исто така можат да се применат и на управувањето со човечки ресурси и со која додадена вредност?

На 19-20 ноември 2019 година го организиравме почетниот состанок за новиот проект „WECAN“ во Валенсија, Шпанија. WECAN е новиот проект за европско партнерство на Центарот за Управување со Знаење, кој има за цел да развие иновативна програма за учење и да ја охрабри претприемачката активност кај жените (потенцијални претприемачи, хонорарни преведувачи, невработени) на возраст од 30-45 години без никакво или мало претприемачко искуство.

Центарот за управување со знаење заедно со неколку европски партнери подготвува проект за развој на обуки во делот на Internet of Things (IoT). 

За истиот потребни ни се неколку претпријатија/партнери од Северна Македонија кој ќе искажат интерес дека сакаат да учествуваат во истражување и анализа за идентификување на потребите за обуки, учество на нивните вработени во пилот обуки (бесплатно), и учество во дисеминација на проектните резултати. Не е важен секторот и индустријата во која што работи претпријатието, но важен е потенцијалот на претпријатието за примена на Internet of Things (IoT). 

Доколку сте заинтересирани за учество, ве молам контактирајте не за повеќе информации на следната емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на мобилен телефон: 070 60 60 60.

 

 

 

 

На 26 и 27 септември, Центарот за Управување со Знаење заедно со партнерството на проектот Кружен HRM, кофинансиран од програмата Еразмус +, за прв пат се состана во Голвеј, Ирска! Конзорциумот на проектот го води Пор ла Солидарите-ПЛС.