Вести

ИНИЦИРАМЕ И ПОТТИКНУВАМЕ ВРАЌАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА

ИНИЦИРАМЕ И ПОТТИКНУВАМЕ ВРАЌАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА

Денес во Гимназијата „Никола Карев“ и ООУ„Аврам Писевски“ од Скопје беа донирани компјутери за сите ученици кои немаа соодветен уред за следење на онлајн настава на почетокот на оваа учебна година. Со оваа донација од вкупно 30 користени компјутери ќе се покријат во целост побарувањата за уреди на учениците во двете споменати училишта. Компјутерите се донирани, сервисирани и целосно ставени во функција за непречено користење од страна на членките на  Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ.