Дипломираниот правник Г-ца Наташа Видова е истражувач во областа на Активни Политики на Пазарот на Трудот во ЕУ, на Темпус Мастер Програмата “Европски Институции и Политики” на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Има повеќе од 5 години искуство со Законската регулатива, граѓанско и корпоративно право, правни спорови, подготвување обвиненија, деловна кореспонденција итн.

Во изминатите години има посетувано неколку обуки, предавања и семинари во различни области на правото. Во 2009 година има посетувано предавања од областа на Родови Студии во истражувачкиот центар на Евро-Балкан Институтот. Курсот кој се состоеше од два семестри беше посветен на транзицијата на жената во општеството од минатото па се до денес. Исто така во 2009 година помина две недели во Интернационалната Летна Школа во Сараево, Транзициона Правда во Југоисточна Европа. Во 2009 доби сертификат од Правниот Универзитет во Белград за учество на семинарот за Значењето на Лобирањето во Модерното Општество. Во 2012 доби сертификат за Основно Управување со проекти од Development Solution и во 2013 присуствуваше на серијата семинари за Правен Англиски и Контрадикторност на системите, правниот систем на САД, во American Corner- Скопје.

Kако дел од Центарот за Извонредност, креиран од страна на PPP4Broadband проектот, Г-ца Видова го прошири своето знаење во делот на Јавното-Приватно Партнерство, законоското регулирање и утврдување на процедурите за ЈПП, како и дфинирање на моделите на ЈПП согласно Македонската регулатива. Преку изработката на физибилити студијата Г-ца Видова го проширири знаењето во процесот за подготовка на целокуопната правна рамка за ЈПП. Изминатиот период таа се стекна и со знаење во областа на администрирање и управување со проекти.

Во моментот работи како Соработник-истражувач за правни работи во Здружението на Граѓани- Центар за Управување со Знаење.

повеќе >>