Г-ѓа Пелева Стојковска е дипломиран економист на департманот за е-бизнис, при Економскиот факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј- Скопје, 2011 година. Има стекнато искуство во сметководство, истражување и анализирање, маркетинг и веб-дизајн.

Во изминатите две години има стекнато искуство во разни области од економијата. Во 2012 година има работено во консултантската компанијата Нолеџ Центар преку програмата за стажирање, каде што се има стекнато со знаење од областа на истражување, анализирање, па се до корисна употреба на социјалните медиуми во работењето на компаниите. Има работено во компанијата Фреш каде ги изучувала маркетингот и рекламирањето преку интернет, како и одржувањето на веб страни. Има поминато разни обуки за сметководство, истражување и анализирање, меркетинг и веб-дизајн.

Kако дел од Центарот за Извонредност, креиран од страна на PPP4Broadband проектот, Г-ѓа Стојковска се здоби со ново знаење во делот на Јавно-Приватно Партнерство, како и со финансиски, аналитички, и вештини кои вклучуваат Excel моделирање. Со самото работење на проектот таа го збогати своето знаење во однос на изработка на физибилити студии, администрирање, организација и управување со проекти.

Во моментот работи како Соработник-истражувач за финансии во Здружението на граѓани- Центар за Управување со Знаење.