Бранко Ѓуровиќ е проект менаџер со 15 години прогресивно работно искуство во областите на осигурување и телекомуникации. Неговата експертиза покрива работа во организирање, развој и управување со бизнис проекти и програми, со посебно внимание на формулација и имплементација на IT и бизнис стратегии, политики и процедури. Г-дин Ѓуровиќ поседува МБА диплома од Универзитетот Sheffield и Сертификат за PRINCE 2.

Неговата способност и вештини во областа на проектниот менаџмент во комбинација со извонредните комуникациски вештини, флексибилност и адаптибилност, резултираа во повеќе од 5 години успешно раководење со меѓународни проектни тимови во QBE групацијата. Сето тоа овозоможи г-динот Ѓуровиќ да поседува уникатна меѓународна експертиза во подготовка и спроведување на стратегии за бизнис процес реинженеринг во неколку земји од ЕУ. Неговите ангажмани на меѓународно ниво опфаќаат работа на проекти во Велика Британија, Македонија, Унгарија, Естонија, Словачка, Украина, Германија и Бугарија.